Како изгледа „социјалистичката утопија“, градот што го отвори Ким Џонг Ун (ВИДЕО)

Северна Кореја го прослави завршувањето на проектот на изградбата на новиот град во близина на планината која во таа земја ја сметаат за света. Севернокорејските медиуми новиот град веќе го нарекоа „претставник на модерната цивилизација“.

По повод отворањето на градот во близина на планината Паекту, во понеделникот беше одржана голема прослава со огномет. Градот го отвори Ким Џонг Ун лично, а беше снимен како се насмевнува додека државната телевизија ги покажуваше зградите во различни бои покриени со снег.

Градот Самџијон Северна Кореја го замислила како „социјалистичка утопија“. Во Него има нови апартмани, хотели, скијачки терени како и трговски, културни и здравствени објекти, пишува Ројтерс.

Државната новинска агенција КЦНА сооошти дека во него може да живеат 4.000 семејства и дека има 380 блокови јавни и индустриски згради кои се протегаат на подрачје од „неколку стотици хектари“.

Самџијон е една од најголемите економски иницијативи кои Ким ги почна во рамки на проектот на „самостојна економија“. Но, изградбата на градот доцнеше главно поради недостигот од градежен материјал и работна сила, како резултат на меѓународните санкции.

Северна Кореја поради тоа мобилизираше работнички бригади на млади луѓе, кои организациите за човекови права ги нарекоа „робовска работна сила“. Во замена за подобра шанса за упис на универзитет или во владејачката партија, младите луѓе прифатиле да работат на изградбата на градот иако за работата не добиле никаков надомест и иако биле слабо хранети и присилени да работат повеќе од 12 часа на ден.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе