Како и во времето на Трамп, САД Западниот брег не го нарекуваат окупирана територија

Американската влада на претседателот Џо Бајден во својот годишен извештај за човековите права објавен вчера не го нарече Западниот брег „територија окупирана од Израел“, изразот кој беше напуштен за време на претседателството на Доналд Трамп.

EPA-EFE

Делот од извештајот кој до почетокот на мандатот на поранешниот републикански претседател беше посветен на „Израел и окупираните територии“, годинава е насловен „Израел, Западниот брег и Газа“.

Семантичката промена се појави во извештајот објавен во 2018. Повеќето познавачи во тоа видоа намера на Трамповата администрација да му оди по ќеифот на Израел, што беше потврдено со прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел, израелскиот суверенитет на Голанската висорамнина одземена од Сирија и потоа одлуката израелските населби на Западниот брег повеќе да не се сметаат за кршење на меѓународното право.

Во првиот извештај за човековите права во мандатот на Бајден, кој се однесува на 2020 година, се очекуваше враќање на старата формулација. Новиот американски претседател се залага за решение за две држави, израелска и палестинска, и делумно се огради од политиката на својот претходник.

Не употребувајќи го изразот „окупирани територии“, американскиот Стејт департмент уфрли параграф во кој објаснува дека „употребените зборови не го одразуваат ставот ни за кое прашање поврзано со конечниот статус за кој треба да преговараат страните во конфликтот, особено за специфичните граници на израелскиот суверенитет во Ерусалим, или границата меѓу Израел и идната палестинска држава“.

„Овој дел од извештајот ги покрива Израел, како Голанската висорамнина и територијата на Источен Ерусалим, кои Израел ги окупираше за време на војната во јуни 1967 година“, наведуваат авторите.

Соединетите Американски Држави го признаа Ерусалим за главен град на Израел во 2017 и суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина во 2019 година, се додава, без да се оспорат тие одлуки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе