Како хрватскиот генерал Праљак дошол до отров за да се убие среде судница?

Самоубиството кое во хашката судница го изврши хрватскиот генерал Слободан Праљак, откако му беше потврдена пресудата за воени злосторства, спроед оценките на експертите за безбедност е последица на опуштањето на стражарите, нивниот премал број во судницата и лошата позиционираност, како и нефункционирањето на безбедносните мерки.

Хрватскиот експерт за безбедност Мате Лаушиќ за Индекс вели дека по долготрајната работа на хашкиот суд, кој постои од 1993, а потоа и долготрајната постапка против шестмината Хрвати од Босна и Херцеговина која трае од 2004, очигледно дошло до опуштање на луѓето во затворскиот систем на судот во Хаг.

„Покрај опуштањето веројатно и некои безбедносни постапки и процедури не се испочитувани до крај. На шест осуденици двајца судски стражари, тоа едноставно не е доволно“, вели Лаушиќ.

Иако на судењата досега немало ексцес, Лаушиќ вели дека проблем се појавил со Ратко Младиќ кој минатата среда, откако му беше соопштена пресудата за доживотен затвор, на некој начин телесно им се спротивстави на судските стражари.

„Отровот мораше да биде забележан, тој тоа не можел да го најде во возилото, ниту на друго место, тоа очигледно е од самата просторија во затворот во кој се наоѓа“, вели Лаушиќ за шишето со отров.

„Може да се забележи дека Праљак, во моментот кога посегнува во џепот по шишенцето со некаква течност, прво погледнува кон судскиот стражар, чија позиција е две лица подалеку од него, па тој стражар во моментот кога посегнува по шишенцето не може ништо да направи“.

Да беше стражарот веднаш до Праљак, Лаушиќ смета дека би направил нешто за да го спречи при сомнителното посегнување во џебот. Тој истакнува и дека е големо прашање дали Праљак самиот го подготвил отровот или му го доставило трето лице.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе