„Го распнаа Ципрас“

Како ЕУ-самитот за малку ќе пропаднел кога Меркел и грчкиот премиер тргнале да си одат

Фајненшл тајмс дава детали за тоа како вчерашниот маратонски ЕУ-самит речиси ќе пропаднел утрово рано в зори.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел по 14 часа тешки разговори одлучиле дека западнале во ќорсокак. Без простор за компромис, никој од нив не гледал никаква причина да продолжи понатаму. Грегзитот (излегување од еврозоната) бил единствената реална опција.

Додека двајцата лидери тргнале кон вратата, Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, бил тој што се обидел да спречи заморот и фрустрациите да отворат историска пукнатина во еврозоната, пишува весникот.

„Извинете, но нема шанси да излезете од оваа соба“, рекол овој поранешен полски премиер.

Спорот бил предизвикан од планот грчкиот државен имот вреден 50 милијарди долари да се префрли во нов фонд. Меркел сакала целиот имот да биде употребен за отплата на долгот; Ципрас сакал помал фонд, посветен на финансирање на инвестициите, за да се избегне националното понижување.

На крајот, нашле компромис - половина да се искористи за рекапитализација на банките, а другата половина да се подели за долгот и за инвестиции.

И додека функционерите исцрпени и уморни состанчеа до првата утринска светлина, тие се согласни дека грчкиот премиер поминал најлошо од сите:

„Тие го распнаа Ципрас таму“, рекол висок официјален претставник на еврозоната што присуствувал на самитот. „Го распнаа. Европска солидарност.“

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе