Како бугарската полиција ги влечела и тепала противниците на Борисов (ВИДЕО)

Снимка од надзорни камери на која се гледа како бугарската полиција шутира и удира уапсени демонстранти врзани со лисици предизвика нова бура во Бугарија. Глетката која е снимена всушност се случила минатата година за време протестите против тогашниот премиер Бојко Борисов. Иако за случајот се водени различни истраги, никогаш не е најден ниеден доказ за полициска бруталност. Противниците на Борисов тврдат дека станува збор за прикривање.

Скриншот

Минатиот јули илјадници Бугари излегоа на улиците барајќи оставка на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Меѓутоа, дури една година подоцна парламентарците на таа земја имаа прилика да видат што се случило на 10 јули 2020 година и како полицајци влечеле демонстранти под зградата на владата и ги удирале и потоа ги фрлале во полициско комби.

Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи во привремената влада која ја презема должноста во мај, им кажа на пратениците на седница одржана за овој случај дека снимката ја побарала единица на полицијата во Софија која го истражувала однесувањето на своите вработени. Подоцна обвинителите го затвориле случајот поради недостиг на докази, кажа Рашков и додаде дека некои од полицајците кои учествувале во претепувањето не се идентификувани ни една година по инцидентот.

„Тоа сè се знаело. Би требало да го прашате тогашниот министер дали оваа снимка била скриена или не“, кажа Рашков.

Минатото лето, и Младен Маринов и Христо Терзиски беа министри за внатрешни работи во кабинетот на Борисов.

Сега двајцата се членови на парламентот и членови на неговата партија од десниот центар ГЕРБ. Ниеден од двајцата не зборувал во парламентарната дебата на оваа тема одржана пред неколку дена, но Маринов зборуваше со новинари и им се извини на жртвите на полициското насилство. Сепак, тврди дека ниедна снимка не била криена. Претходно, Маринов тврдеше дека за време на протестите бил сведок само на претепување полицајци, а не на демонстранти.

Рашков додаде дека истрагата досега била површна и дека не ги земала предвид сите постоечки докази.

„Ова предизвикува сомнеж во објективноста во поглед на видот и тежината на казните“, кажа тој, осврнувајќи се на фактот дека до сега некои полицајци биле санкционирани само со писмено предупредување.

Снимката се појави во јавноста во време кога Бугарија сè уште нема влада ни по повторените избори. Најверојатно тоа нема скоро да се случи, па постои можност за нови, трети по ред избори.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе