Кај Сардинија изгоре мегајахта, капетанот ги спасил сите патници (ВИДЕО)

Мегајахтата Леди ММ завчера се запали во меѓународните води на околу 80 километри од Сардинија.

На јахтата имало 17 лица, девет члена на екипажот и осум гости. Сите тие се спасени и добро се.

Противпожарниот аларм се огласил на јахтата околу 6 часот наутро. Капетанот, Хрват, веднаш ја известил крајбрежната стража и наредил да се затворат резервоарите во кои имало повеќе од 70.000 литри дизел, со што се избегнала уште поголема еколошка катастрофа.

Веднаш почнала акција за спасување, во која учествувале два брода и хеликоптер. По пристигнувањето, спасувачите само го виделе бродот во пламен, но не нашле никого. Јахтата набргу потонала, а подоцна се дознало дека екипажот и патниците го напуштиле бродот на моторен чамец и дека сите се живи и здрави. Бродовите ги пресретнале и ги одвеле на сигурно.

Леди ММ беше луксузна јахта долга 48 метри изработена во Италија, а вкотвена во Анкона. Пловеше под знамето на Кајманските Острови. Во Порто Черво пристигнала од Капри.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе