Кај Камерун нападнат грчки танкер со нафта, киднапирани осум морнари

Осум морнари од грчки танкер со нафта се киднапирани во Камерун, откако вооружени напаѓачи се качиле на бродот усидрен во пристаниште во близина на Лимбо, се вели во соопштението на грчкото Министерство за трговско поморство.

За време на нападот на танкерот Хепи лејди, ранет е еден Грк, член на екипажот од 28 морнари додаде истиот извор.

Меѓу осумте киднапирани членови се пет Грци, двајца Филипинци и еден Украинец.

„Министерот за трговска морнарица Јанис Плакиотакис е брифиран и го следи случајот, како и грчкото Министерство за надворешни работи и компанијата во чија сопственост е танкерот“, се вели во соопштението.

Напади врз бродови и киднапирања се релативно чести во Гвинејскиот Залив, на западниот брег на Африка. Пиратите понекогаш со денови држат бродови кои ги ограбуваат и бараат високи откупнини пред да го ослободат екипажот.

Во ноември, вооружена група зазема грчки танкер за нафта Елка Аристотел на петнаесетина километри од Лома, главниот град на Того и киднапираше 4 морнари.

Тројца се ослободени на 13 декември, но четвртиот починал во заробеништво. Сè уште трае истрагата за тој случај, но се чини дека починал како резултат на болест, објави сопственикот на бродот.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе