На границата на Таџикистан и Авганистан се спроведуваат воени вежби предводени од Русија

Постсоветскиот безбедносен блок предводен од Русија започна со најголемите воени вежби во близина на границата меѓу Таџикистан и Авганистан во последните години, пред преговорите меѓу новите талибански власти и големите регионални сили.

Илустрација: ЕПА

Таџикистан одби да го признае талибанското водство во Авганистан, и на двете страни на границата се натрупуваат воени сили.

Вежбите на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ЦСТО) ќе вклучуваат 5.000 војници, повеќе од половина од Русија, соопштија руското и таџикистанското министерство за одбрана.

Војниците исто така ќе вежбаат спречување илегални гранични премини.

Таџикистан дели 1.400 километри долга граница со Авганистан.

Шестдневните вежби следат по серија помали вежби одржани во близина на границата со Авганистан, од страна на Русија и нејзините сојузници од централна Азија во август и септември.

Русија стравува од можна исламистичка инфилтрација во поранешните советски републики во Централна Азија, што Москва ги смета за свое јужно одбранбено крило.

Москва има воена база во Таџикистан и ја уверува дека ќе ѝ помогне во случај на прекугранични напади.

Талибанска делегација на високо ниво ќе ја посети Москва оваа недела на разговори со Кина, Пакистан, Индија и Иран, иако висок руски функционер изјави дека не очекува напредок.

Замир Кабулов, специјален руски претставник за Авганистан, исто така рече дека претставници од Русија, САД, Кина и Пакистан ќе се состанат одделно во вторник во Москва за да ги усогласат ставовите за промената на ситуацијата во Авганистан.

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан на 15 август по повлекувањето на силите на НАТО. Во Кабул влегоа без отпор.

Нивната влада се соочува со многу проблеми. Се заканува тешка хуманитарна криза, економијата е пред колапс, а радикалните сунити на Исламската држава ги напаѓаат шиитите. Сушата и зимата што доаѓа, како и зголемувањето на цените на горивата, ја влошуваат ситуацијата.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе