„Ахмат, Ели и Адам ја посетија линијата на контакт каде во моментов се водат жестоки битки со украинските националисти. Како што им доликува на чеченските воини, тие веднаш почнаа со работа", објави Кадиров.
Кадиров тврди дека неговите тројца синови и Замид Чалаев, командантот на специјалниот полициски полк Ахмат-Хаџи Кадиров, „се доближиле до непријателските позиции и обезбедиле огнена закрила за војниците што напредуваат“.
Акмат, Ели и Адам, наводно, им се обратиле и на „шајтаните што зборуваат чеченски“ [злите духови во исламот] кои се борат на страната на Украина, и ги повикале „да излезат на фронтот и да ја докажат својата посветеност на европските вредности во битка“.
„Малолетноста не би требало да биде пречка во обуката на бранителите на нашата татковина. Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но нивната воена обука започна многу одамна, речиси од мали нозе. Не се шегувам. Дојде време да се докажат во вистинска борба, а јас само ја поздравувам нивната желба. Наскоро ќе излезат на првата линија и ќе бидат на најтешки делници", изјави Кадиров на почетокот на месецот.
Откако го објави ова на Телеграм, реагираше и Виктор Заварзин, припадник на руското Министерство за одбрана, кој рече дека според руските закони, децата не подлежат на мобилизација и не можат да бидат дел од војската. Тој исто така рече дека Кадиров е вистински генерал, а Чеченците се одлични борци.