Чеченскиот лидер

Кадиров: Русите бегаат? Не, тоа е тактика и стратегија

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, еден од најжестоките сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, се огласи за руското „повлекување“, односно украинската контраофанзива.

EPA-EFE

Украинците тврдат дека нивните сили ослободиле околу 6.000 квадратни километри територија која беше под руска контрола. Кадиров на Телеграм напиша дека Русија не се повлекува, туку „спроведува суптилна воена тактика и стратегија“.

„Ќе ги смирам најагресивните и најскептичните коментатори. Во текот на специјалната воена операција ние не се повлекуваме никаде. Тоа се западни провокации. Не дозволувајте да ве прелажат. Постојат концепти како тактика и стратегија“, напиша Кадиров. Истакна дека руската војска не може да дозволи недискриминаторски да пука во сите, „за да ги задоволи манијакалните желби на незнајковците од каучите“.

„Русија во оваа специјална операција се обидува да ги намали човечките жртви. Но бандеровските нацисти можат да си дозволат да пукаат во своите луѓе. Тоа е разликата во тактиката. Нашите генерали, кои завршиле воени академии, добро се упатени во заплетканоста на воените работи и му дозволуваат на непријателот да го прави она што ни е нам во корист.

За да ги уништите непријателските единици, мора да користите разни трикови – да ја растегнете неговата сила, да го повлечете назад, да го приклештите, да го присилите да влезе во поле или да го намамите во замка. А врвот на војската совршено ги комбинира сите тие методи“, наведе Кадиров.

Чеченскиот лидер истакна дека секој може да помогне, или да им помогне на доброволците или да стане доброволец. Кажа дека, ако зависело од него, тој ќе прогласел воена состојба и би го користел сето оружје бидејќи се „во војна со цело НАТО“. Особено истакна дека тој не го кажува тоа како лидер на Чеченија, туку како „граѓанин, патриот и волонтер кој им помага на нашите момци“.

„Затоа пријатели, да не мавтаме со сабја на каучот, туку да ги најдеме вистинските зборови за поддршка на нашите борци и да се молиме за нив да се вратат живи и здрави, со победа“, заклучи Кадиров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе