Кадиров: Нема да има мобилизација во Чеченија, веќе дадовме доволно војници

Рамзан Кадиров, верен сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Фото: ЕПА

Како што рече во гостувањето во телевизиска емисија, Чеченија „го надмина планот за 254 проценти“.

Тој рече дека досега 20.000 Чеченци војувале во Украина и дека Чеченија ги исполнила сите планови и повеќе од потребното.

Во Грозни, главниот град на Чеченија, пред два дена се одржа помал протест против мобилизацијата. Кадиров им се закани на сите што ќе протестираат.

Во средата Владимир Путин нареди „делумна“ мобилизација во Русија за украинската војна, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека планот е да се регрутираат 300.000 лица. Веднаш штом беше најавена ваквата регрутација, на граничните премини се формираа километарски редици за излез. 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе