Кадиров му се закани на Зеленски: Ќе завршиме со тебе деновиве

Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров оцени, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина е спремна да се бори десет години, дека за Зеленски сè ќе заврши за само неколку дена.

EPA-EFE

„Прочитав дека Зеленски изразил спремност да се бори десет години“, кажа Кадиров во аудиоснимка објавена на каналот на Телеграм на чеченскиот претседател.

Кадиров му препорача на Зеленски да оди, како што кажа, „кај својот поголем брат (американскиот претседател Џо) Бајден и да се ракуваат“, алудирајќи на ситуацијата во која минатата недела се најде претседателот на САД.

Бајден, откако го заврши говорот во Северна Каролина, се сврте на страна и пружи рака за да се ракува, иако во негова близина немаше никого.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе