„Прочитав дека Зеленски изразил спремност да се бори десет години“, кажа Кадиров во аудиоснимка објавена на каналот на Телеграм на чеченскиот претседател.
Кадиров му препорача на Зеленски да оди, како што кажа, „кај својот поголем брат (американскиот претседател Џо) Бајден и да се ракуваат“, алудирајќи на ситуацијата во која минатата недела се најде претседателот на САД.
Бајден, откако го заврши говорот во Северна Каролина, се сврте на страна и пружи рака за да се ракува, иако во негова близина немаше никого.