Чеченскиот лидер

Кадиров: Ме интересира Полска. За 6 секунди ќе ви покажеме за што сме способни (ВИДЕО)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм, објави снимка во која ѝ се закани на Полска. Дел од снимката на Твитер објави новинарот на Би-би-си Френсис Скар.

EPA-EFE

„Украинското прашање е решено, јас сум заинтересиран за Полска. Што тие се обидуваат да постигнат? По Украина, ако добиеме команда, за шест секунди ќе ви покажеме за што сме способни. Би било подобро да ги вратите назад своето оружје и своите платеници“, вели Кадиров на снимката.

„Би ви било подобро да молите за официјално простување за она што му го направивте на нашиот амбасадор. Ние нема тоа само да го игнорираме, имајте го тоа на ум“, кажа Кадиров, мислејќи на инцидентот во кој во Полска рускиот амбасадор неодамна беше полеан со црвена боја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе