„Друга група волонтери од Грозни отидоа во Донбас. Сите претходно завршија обука на Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес. Под компетентното водство на најдобрите инструктори, волонтерите го подобрија тактичкото стрелање и генерално ги совладаа основите на воената наука“, напиша на својот профил на Телеграм Кадиров, кој му е сојузник на Владимир Путин во војната во Украина.
Посебната улога на Чеченија во испраќањето доброволци во Украина се должи на фактот што во републиката добиваат сѐ што им е потребно „без непотребната бирократија и неволји“, рече Кадиров и додаде дека меѓу руските региони, Чеченија „води“ во мобилизирањето волонтери.
Најмалку четворица гувернери веќе ја поддржаа иницијативата на Кадиров за самомобилизација во руските региони.