На францускиот наставник по историја кој со своите ученици дискутирал за карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед, 18-годишен напаѓач, Чеченец, роден во Москва, во петокот на улица во париско предградие го обезглави, а полицијата набрзо го уби напаѓачот. Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди како „исламистички тероризам“.
Како одговор на убиството, лидерот на Чеченија објави дека „силно се спротивставуваме на тероризмот во каква било форма, но ве повикувам да не ги провоцирате верниците или да ги навредувате нивните верски чувства“.
Тој исто така изјави дека „ова не е прв пат Франција да се обиде да ги обвини Чеченците за сите свои проблеми. Ве уверувам дека Чеченците не се дел од нив“, напиша Кадиров и додаде дека осомничениот во поголемиот дел од својот живот бил во Франција.