Кадиров до Русите кои бегаат во странство: Предавници, кукавици и девијанти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров одржа говор во кој им се обрати на Русите кои ја напуштаат земјата поради најавата за делумна мобилизација.

EPA-EFE

„Ви се обраќам вам девијанти. Можете да смислите различни изговори, можете да кажете дека не ја поддржувате сегашната политика. Можете и да измислите бајка дека идејата за војна и концептот на оружје ви се туѓи или дека едноставно не прифаќате насилство. Но знајте дека сте само кукавици, предавници и второкласни луѓе“, кажа Кадиров на Телеграм.

„Кога ви треба држава, вие сте граѓани со големи букви кои бараат почитување на своите права и сакаат да се повикуваат на вториот член на рускиот устав. Кога сакате да излезете од зоната на комфорот, дури тогаш сте патриотско јадро“, додаде тој.

„Кога на државата ѝ е потребна вашата поддршка и вие сте повикани во војна, а вие одбивате, кој сте вие? Не, не сте благодарни на државата и предаден бранител на народот. Вие сте обична кукавица, роб на својата душа, ги напуштате семејството, пријателите, познаниците, домот, градот. Никакви изговори нема да го исперат овој ваш срам. Дури се плашите да го признаете вашиот кукавичлук“, порача чеченскиот лидер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе