Кадиров истакна дека Украина е најблискиот сосед на Русија и дека станува збор за словенски народи, пренесува РИА Новости.
Според него, Америка не прави ништо добро за Украина, туку ѝ е потребна држава во која ќе постави своја воена база.
„Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават на тоа, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки“, кажа Кадиров.
Додаде дека, да е на местото на Путин, „одамна би ја зазел Украина, би поставил таму трупи и би воспоставил ред“.
„Ако Америка или некој друг мисли дека е можно да ја уништи Русија или да ја заземе и да ја фрли нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи“, истакна чеченскиот лидер.