„ПРАШАЊЕТО ЗА ВОЕНИ РЕПАРАЦИИ ЌЕ ГО ПОДИГНЕМЕ НА МЕЃУНАРОДНО НИВО“

Качински: Холокаустот не беше единственото воено злосторство

„Смртта е секогаш индивидуална, нема колективна смрт", рече Качински.

Лидерот на владејачките полски конзервативци Јарослав Качински предупреди дека прашањето за воени репарации што ги бара од Германија, Полска ќе го подигне на меѓународно ниво затоа што Холокаустот не беше единственото воено злосторство и дека Полјаците одбиваат да се откажат од нив, иако тоа го направи полската комунистичка влада во 1953 година.

„Овие луѓе крадеа, ограбуваа, убиваа. Сето ова треба да се опише и да се надомести штетата. Нема никакви причини единствено баш ние да се откажеме од тоа. Не можеме да се согласиме целото зло и сите злосторства од Втората светска војна да се сведат само на Холокаустот“, изјави Качински во интервјуто што денеска го објави провладиниот десничарски неделник Шечи правде.

Качински предупреди дека пристапот дека една смрт е вредна повеќе а друга помалку е расистичка.

„Смртта е секогаш индивидуална. Нема колективна смрт“, рече Качински.

Во извештајот на Бирото за анализа на Сејмот полскиот парламент за правните можности за Полска да бара репарации по повеќе од седум децении од Втората светска војна, се предупредува дека е неправедно на Полска и Полјаците да им се исплатат минимални суми, додека Германија огромни суми плаќала на Израел и САД, каде што емигрирале голем број евреи кои го преживеале Холокаустот.

Лидерот на полската владејачка партија Право и правда, формално само пратеник изјави дека не постои ниту една единствена законска причина врз основа на која Германија би можела да одбие да исплати огромни репарации на Полска, што, според неофицијални проценки, изнесуваат од 1 до 5 милијарда долари.

„Нема никакви законски основи Германија да ја одбие исплатата на репарациите. Треба да се работи доследно, на етапи. Сега е парламентарната етапа, значи се уште не е време официјално со ова да истапи полската држава. Тоа е процес што ќе се развива. Во никој случај немаме намера  да се откажеме“, рече Качински.

Тој изјави дека Полска сега прашањето за воена отштета треба да го претвори во меѓународно прашање.

Иако 48 отсто од Полјаците ги подржуваат последните барања на владејачката партија Право и правда да се побараат воени репарации од Германија, 61 отсто се уверени дека нема надеж за Полска да би можела да се избори за оштета, покажала анкета за полскиот весник Дженик газета правна.

Историчарите, аналитичарите и некои политичари исто така предупредија дека официјалното отпочнување на неисплатената отштета за воени злосторства и разурнувања може да ја отвори Пандорината кутија за ревизија на границите, бидејќи околу една петтина од предвоена територија на Германија со одлуката на големите сили после војната и припадна на Полска, а во воена отштета влегува и целиот германски имот што се затекнал во тие области.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе