Полицијата започна истрага

Кабул: Убиена авганистанска новинарка

Неидентификувани напаѓачи денес ја убија новинарката Мена Мангал, советничка на авганистанскиот парламент, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи изјави дека Мангал, советничка за култура и поранешна ТВ водителка, е убиена утрово додека одела на работа.

Според него, најмалку еден напаѓач избегал од местото на настанот, а полицијата започнала истрага.

Досега никој не презема одговорност за нападот.

Од полицијата е соопштено дека не е познато дали убиството на Мангал е терористички чин или е последица на личен конфликт.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе