Јужнокорејски дипломат: Мислам дека Ким е во кома и дека неговата сестра ја презема контролата

Медиуми како Њујорк пост, Дејли мејл и Мирор ја пренесоа изјавата на јужнокорејски дипломат кој тврди дека Ким Џонг Ун е во кома, а дека неговата сестра ја презела контрлата врз Северна Кореја.

EPA-EFE

Чанг Сонг Мин, поранешен помошник на покојнио јужнокорејски претседател Ким Дае Џунг, тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошеното здравје на својот лидер и дека, колку што може тој да сфати, севернокорејскиот владетел е во коматозна состојба.

Нагѓањата за вистинската здравствена состојба на Ким се сѐ почести поради малиот број јавни појавувања оваа година.

Во разговор за локалните медиуми Чанг Сонг Мин кажа: „Проценувам дека е во кома, но е жив“.

Тој додаде дека сестрата на Ким, 23-годишната Ким Јо Џонг е во позиција да преземе дел од овластувањата на својот брат.

„Не е формирана целосна структура на сукцесија, така што Ким Јо Џонг се става во прв план бидејќи вакумот не може долго да се одржува“, кажа тој.

Тврдењата на Чанг Сонг Мин доаѓаат и покрај тоа што севернокорејски медиуми објавија фотографии за кои се тврди дека докажуваат дека Ким присуствувал на состанок на владата во четвртокот.

Новинската агенција Ројтерс објави дека не може независно да ги потврди фотографиите.

Минатата недела се тврдеше дека Ким Џонг Ун ја промовирал својата сестра на местото командант на Северна Кореја.

Ким Јо Џонг сега е задолжена за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја, со што де факто стана негова заменичка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе