Чанг Сонг Мин, поранешен помошник на покојнио јужнокорејски претседател Ким Дае Џунг, тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошеното здравје на својот лидер и дека, колку што може тој да сфати, севернокорејскиот владетел е во коматозна состојба.
Нагѓањата за вистинската здравствена состојба на Ким се сѐ почести поради малиот број јавни појавувања оваа година.
Во разговор за локалните медиуми Чанг Сонг Мин кажа: „Проценувам дека е во кома, но е жив“.
Тој додаде дека сестрата на Ким, 23-годишната Ким Јо Џонг е во позиција да преземе дел од овластувањата на својот брат.
„Не е формирана целосна структура на сукцесија, така што Ким Јо Џонг се става во прв план бидејќи вакумот не може долго да се одржува“, кажа тој.
Тврдењата на Чанг Сонг Мин доаѓаат и покрај тоа што севернокорејски медиуми објавија фотографии за кои се тврди дека докажуваат дека Ким присуствувал на состанок на владата во четвртокот.
Новинската агенција Ројтерс објави дека не може независно да ги потврди фотографиите.
Минатата недела се тврдеше дека Ким Џонг Ун ја промовирал својата сестра на местото командант на Северна Кореја.
Ким Јо Џонг сега е задолжена за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја, со што де факто стана негова заменичка.