Регистрирани првите случаи на мутацијата

Јужноафриканскиот сој на коронавирусот стигна во Словенија и Хрватска

Јужноафриканскиот сој на коронавирусот пристигна во регионот. Првите случаи на мутацијата се регистрирани во Словенија и Хрватска.

EPA-EFE

Во Словенија вчера е потврден првиот случај на зараза со јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Заразата е потврдена кај лекар вработен во Клиничко-болничкиот центар во Марибор, кој од минатата недела со уште неколку лица од Словенија престојувал во Намибија, а од понеделникот бил на работното место.

Уште две лица кои со него биле во Африка исто така се заразени, најверојатно со истата варијанта на коронавирусот, а уште неколку лица кои биле во контакт со нив се испратени во карантин, кажа словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Според него, засега поради тој случај не се потребни посебни мерки, а епидемиолошката служба тврди дека сите високоризични контакти се во карантин.

Словенечкото министерство за надворешни работи во петокот повторно ги предупреди граѓаните дека не им советува ризични патувања во странство, а се сомнева дека поголемиот број на зарази на западот на Словенија е поврзан со таканаречениот британски сој на вирусот, кој се проширил од Италија.

Јужноафриканската варијанта на коронавирусот е регистрирана денес и во Хрватска, а епидемиологот Горанка Петровиќ предупреди дека се бележи пораст и на заразените со британскиот сој на вирусот.

„Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците кои ги испративме во Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнале, 60 биле позитивни на британскиот сој што е 20 отсто од позитивните примероци. Тоа е прилично висок процент. Потврдена е и јужноафриканската варијанта кај две лица кои се вратиле од Африка, од Занзибар“, кажа Петровиќ.

Сојот познат како Е484К, кој беше откриен на почетокот во Јужна Африка, и неговите верзии кои се појавија во Бразил и Јапонија, крена тревога меѓу експертите бидејќи брзо се шири а нема податоци дали вакцините против короната кои се во употреба се ефикасни и против новите мутации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе