Јужноафрикански министер: Одлуката за ограничување на патувањата кон Африка е неоправдана

Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала денеска порача дека прелиминарните студии сугерираат дека новата варијанта на ковид-19 откриена во оваа земја би можела да биде попренослива, но дека одлуката на другите држави да воведат ограничувања на патувањата е неоправдана.

Фото: ЕПА

Фала на конференцијата за новинарите рече дека Јужна Африка сите податоци ги објавува транспарентно и дека забраните на патувањата се во спротивност со нормите и стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Ројтерс.

„Во последните четири или пет дена дојде до поекспоненцијален пораст на инфекциите”, рече тој, наведувајќи дека според првите податоци изгледа дека новата варијанта предизвикува пораст на бројот на случаите.

Властите низ целиот свет денеска реагираа растревожено на веста за новата варијанта на коронавирусот, првпат откриена во Јужна Африка, на кој СЗО му ја даде ознаката омикрон.

Велика Британија, Сингапур, Русија и Јапонија се меѓу оние држави што воведуваат строги мерки на карантин и ги забрануваат летовите од Јужна Африка и од нејзините соседни земји, а Европската Унија предлага забрана на летовите од тој регион во сите држави-членки, пишува Би-би-си.

Неколку часа откако Велика Британија ги забрани летовите од Јужна Африка и од соседните земји, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди државите да не донесуваат избрзани одлуки за забрана на патувањата.

Јанез Јанша, премиерот на Словенија, која претседава во Советот на ЕУ, денеска потврди дека е во тек координирана акција во Европската Унија за да се оневозможи поголем внес на новата, веројатно поопасна варијанта на коронавирусот од Јужна Африка.

Во Белгија денеска е откриен првиот европски случај на новата варијанта на коронавирусот.

Јужноафриканскиот институт за заразни болести НИЦД во четвртокот објави дека во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на зараза со новата верзија на вирусот Б.1.1.529, а истата варијанта е потврдена и во Боцвана и во Хонгконг.

Според првите оценки, оваа верзија, која веќе има 32 мутации, може да се шири побрзо од претходните.

Светската здравствена организација денеска донесе одлука дека оваа варијанта на вирусот треба да се стави на листата на „загрижувачки варијанти“ и ја именува омикрон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе