Јужна Кореја забрани испраќање летоци против режимот во Северна Кореја

Јужна Кореја забрани испраќање летови против Пјонгјанг во Северна Кореја, што активистите го нарекоа кршење на човековите права и погрешна стратегија на задоволување на севернокорејскиот режим.

EPA-EFE

Активистичките групи долго време со балони или по реките испраќаат летоци со критики кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун поради неговите кршења на човековите права и нуклеарните амбиции.

Тоа дејствување го разгневи Пјонгјанг кој претходно годинава побара од Сеул да го сопре тоа. Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече активистите „човечко ѓубре кое не е вредно да се третира како човечки суштества“.

Јужнокорејскиот парламент денес донесе закон со кој го криминализираше испраќањето летоци, УСБ-а или пари во Северна Кореја. Мерката ја поддржаа сите 187 присутни пратеници.

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин е заговорник на ангажман со Северот, а неговата Демократска партија има апсолутно мнозинство во парламентот со 300 пратеници. Сите членови на конзервативната опозиција Сила на народот го бојкотираа гласањето.

На оние кои ќе бидат фатени во испраќање материјал во северниот сосед им се заканува казна до три години затвор или до 30.000 американски долари. Здруженијата за човекови права најавија дека ќе ја продолжат својата работа.

„Не го прифаќам ова како праведен закон и ќе го продолжам тоа што го правев досега: ќе испраќам пораки на слободата до 25 милиони луѓе преку границата“, кажа Парк Санг Хак, лидер на Борците за слободна Северна Кореја.

„Северна Кореја остана единствената земја во светот која целосно им го забранува на своите луѓе пристапот до интернет“, додаде тој.

Новиот закон го критикуваше и организацијата Хјуман рајтс воч тврдејќи дека тој ќе ја „крши слободата на изразувањето“ и ќе ја претвори хуманитарната активност во криминален чин.

Изгледа дека Сеул е „позаинтересиран да го усреќи Ким Џонг Ун наместо неговите граѓани да ги практикуваат своите основни права во име на своите северни соседи“, соопшти организацијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе