Јужна Кореја вели дека воените планови со САД не вклучуваат употреба на нуклеарно оружје

Јужна Кореја во вторникот изјави дека ниту еден заеднички јужнокорејско-американски воен план не содржи употреба на нуклеарно оружје, откако книгата на американскиот новинар Боб Вудворд предизвика дебата за сценарио на нуклеарна војна со Северна Кореја.

EPA/JEON HEON-KYUN

Во новата книга „Бес“, уредникот на Вашингтон пост, Боб Вудвард, напиша дека САД осмислиле планови за можен воен судир со Северна Кореја, како што е „американски одговор на напад што може да вклучува употреба на 80 парчиња нуклеарно оружје“. Книгата се базира на повеќе интервјуа со американскиот претседател Доналд Трамп.

Овој пасус предизвика дебата во Јужна Кореја, дали тоа значи дека Вашингтон или Пјонгјанг ќе активираат 80 бомби едни против други.

Министерот за одбрана на Јужна Кореја во вторникот рече дека заедничките оперативни планови (ОПЛАН) на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја не вклучуваат употреба на нуклеарно оружје, со што го повтори ставот на претседателскиот кабинет.

Претседателски службеник во понеделникот изјави дека не смее да има нова војна на полуостровот и каква било употреба на сила не може да се спроведе без согласност со Јужна Кореја.

„Можам јасно да кажам дека употребата на нуклеарно оружје не постои во нашите заеднички оперативни планови и невозможно е да се користи воена сила без договор со нас“, изјави официјалниот претставник пред новинарите.

Јужнокорејските власти велат дека во книгата има збунувачки работи, бидејќи авторот се повикува на ОПЛАН 5027, кој не е создаден поради нуклеарна војна, туку за да се направат планови за распоредување војници и утврдување клучни цели.

„Ова може да укажува на максималното ниво на бомби што Северна Кореја би можела да ги искористи во војна од големи размери, но самиот број е премногу голем и тешко разбирлив во секој случај, без јасен контекст“, рече Ким Хонг-Кјун, поранешен јужнокорејски претставник за нуклеарно оружје..

Легенда под Главна слика

EPA/JEON HEON-KYUN

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе