Јужна Кореја тестираше нова ракета, речиси невидлива за радари (ВИДЕО)

Јужна Кореја денес соопшти дека го извршила првото тестирање на новата крстосувачка ракета која треба да ја засили способноста за превентивен напад врз Северна Кореја доколку кризата ескалира.

Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата „таурус“ (Taurus) била испукана од ловец-бомбардер Ф-15, и успешно ја погодила својата мета на западниот брег.

Унапредената ракета е произведена од германската компанија Таурус системс. Максималниот дострел ѝ е 500 километри, а министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека радарите не би можеле да ја откријат пред да ги погоди метите во Северна Кореја.

Тестирањето на ракетата е извршено како строго предупредување до Пјонгјанг, откако Северна Кореја на 3 септември го изврши шестиот и најсилен нуклеарен тест.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе