Јужна Кореја предупредува: Луѓето во Северна Кореја се гладни

Јужна Кореја смета дека недостигот од храна во Северна Кореја сè уште е сериозен и дека на земјата ѝ треба странска помош.

Некои медиуми тврдат дека цената на оризот на пазарите во Северна Кореја во последно време паѓа, што укажува дека земјата можеби не се соочува со толку сериозен недостиг од храна како што сметаат агенциите на ОН, според Јонхап.

„Запознаени сме со процената на Светската програма за храна (ВФП) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) како официјални и објективни показатели“, рече портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување на двете Кореи, Ли Санг-мин.

Според него, со оглед на природата на севернокорејскиот режим, се смета дека постојат многу ограничувања во реалната процена на состојбата со храната. „Нашиот став дека е неопходно да се обезбеди храна (за Северна Кореја) останува непроменет“, рече Ли.

Месецов ВФП и ФАО објавија дека 10 милиони луѓе, или околу 40 отсто од населението во Северна Кореја, итно имаат потреба од храна.

Јужна Кореја планира да обезбеди храна, вклучувајќи и ориз, за Северна Кореја, со надеж дека тоа ќе помогне да се ублажи ситуацијата и да се помогне да се заживее замрениот процес на преговори меѓу двете земји, и покрај неодамнешното лансирање проектили од Северна Кореја, додава Јонхап.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе