Јужна Кореја лута на Трамп: „Ние ќе ги трпиме последиците од твоето дело, Американецу“

Јужнокорејците се бесни поради откажувањето на историскиот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и истакнуваат дека се чувствуваат измамени и лишени од животната шанса да продолжат да живеат во мир.

Американскиот претседател го откажа самитот, закажан за 12 јуни во Сингапур, што требаше да се случи по повеќемесечниот дипломатски напредок, што успеа да ја потисне воената реторика од двете страни и да ги намали стравувањата од повторното избувнување на војна.

„Северна Кореја го направи сето она што од неа е побарано. Ги демонтираа своите нуклеарни постројки“, вели 29-годишниот службеник Јуџин Лим.

„Трамп не е заинтересиран за мирот во нашата земја. Зошто едноставно нас, двете Кореи, не нѐ остави да живееме во мир?“ праша тој.

Северна Кореја во четвртокот го заврши демонтирањето на нуклеарните постројки во Пунге-ри, „со цел да обезбеди транспарентност во врска со престанокот на нуклеарното тестирање.“

Уништувањето на подземните тунели е одржано во присуство на меѓународни новинари, но не присуствувале независни експерти. Овој чин следел откако Ким Џонг Ун во април се обврза дека ќе ги запре нуклеарните проби и лансирањето балистички проектили со долг дострел. Тој, исто така, во знак на добра волја ослободи тројца американски затвореници.

Десетици јужнокорејски студенти и активисти за човекови права во петокот протестираа на разни собири во Сеул за да го осудат откажувањето на средбата на Трамп, притоа кинејќи негови фотографии.

Некои од нив предупредуваат дека не е добро повторно да се изолира Северна Кореја откако ѝ пружила рака на меѓународната заедница. „Конечно, ние кои живееме на Корејскиот полуостров ќе ги трпиме последиците од твоето дело, Американецу“, му порачаа на Трамп.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, кој вложи голем туд за да помогне во одржувањето на самитот и кој за време на средбата со Трамп во вторникот во Белата куќа го повика американскиот претседател да не ја испушти оваа ретка можност, рече дека е „збунет“ од откажувањето на Трамп.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе