Јужна Кореја ќе тестира 200.000 припадници на верска заедница за коронавирусот

Јужнокорејските здравствени власти објавија дека планираат да тестираат повеќе од 200.000 припадници на верска заедница, центар на епидемијата со коронавирусот во таа држава во која има 977 заразени лица, при што претседателот Мун Џае Ин ја процени ситуацијата како сериозна.

Брзото ширење на заразата во Јужна Кореја предизвика стравувања дека коронавирусот, за кој се верува дека се појавил во декември во кинескиот град Вухан, се претвора во пандемија.

Околу 68 проценти од случаите во Јужна Кореја се поврзани со верската заедница Шинчеонџи, во која 61-годишна жена го раширила коронавирусот, но сè уште не е познато како таа се заразила.

Јужна Кореја извести за десеттиот смртен случај од вирусот, додека Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КЦДЦ) извести за 144 нови потврдени случаи на зараза.

Голем број од новите случаи се забележани во југоисточниот град Даегу, во кој се наоѓа верската заедница Шинчеонџи и во блиската покраина Северен Џеонгсанг, наведува КЦДЦ.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин ја оцени ситуацијата за многу тешка за време на неговата прва посета на Даегу од избувнувањето на епидемијата и рече дека следната недела ќе биде клучна за сузбивање на коронавирусот.

Лидерот на верската заедница Шинчеонџи рече дека се согласил да им ги даде на властите имињата на сите членови во Јужна Кореја. Медиумите проценуваат дека ги има 215 илјади.

Владата ќе спроведе тестови за коронавирусот на сите членови веднаш штом ќе го добие списокот, соопштија од кабинетот на премиерот.

„Клучно е да се тестираат сите членови на црквата за да се запре ширењето на вирусот и да се намали загриженоста на јавноста“, се додава во соопштението.

Заменик-министерот за здравство Ким Канг-Лип рече дека приоритет за тестирање се 1,3 од вкупно 9,2 илјади членови на заедницата во Даегу кои имаат симптоми на болеста, што ќе биде завршено до среда.

Основач на црквата е самопрогласениот месија Ли Ман Хе. Тој рече дека соработуваат со надлежните органи за да се запре ширењето на болеста и дека покрај што ќе се тестираат нејзините членови ќе се тестираат и луѓето кои поминуваат програми за обука во таа заедница.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе