НАСПРОТИ ТЕНЗИИТЕ

Јужна Кореја ќе испраќа хуманитарна помош на Северна Кореја?

Владата во Сеул ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош во Северна Кореја во вредност од осум милиони долари преку меѓународните организации, објави Танјуг.

Владата во Сеул планира да одржи состанок за меѓу корејската соработка, за да одлучи дали да понуди хуманитарна помош за оние што се загрозени во Северна Кореја, соопшти јужнокорејското министерство за обединување, пренесе агенцијата Јонпхап.

Сеул ја суспендираше помошта на Пјонгјанг преку агенцијата на ОН по нуклеарните и ракетни тестови на Северна Кореја во 2016 година.

Министерството во Сеул сега предложи да се издвојат 4,5 милиони долари за деца и трудници во Северна Кореја преку Светската програма на ОН за храна, а остатокот од 3,5 милиони да се донираат преку Уницеф.

„Основниот став на владата е дека треба да продолжи со хуманитарната помош на загрозените групи во Северна Кореја, без оглед на политичката ситуација“, изјави еден официјален претставник.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе