Јужна Кореја ќе ѝ донира 50.000 тони ориз на Северна Кореја

Јужна Кореја ќе ѝ донира на Северна Кореја 50.000 тони ориз и 4,5 милиони долари за да ѝ помогне во ублажувањето на недостигот на храна, објави денес Светската програма за храна на ОН (ВФП).

Ова е најголема донација од Јужна Кореја за северниот сосед од 2008 година, наведе ВФП во соопштението.

Со овој потег ќе бидат поддржани од 1,5 до 2 милиони деца, трудници и доилки, се вели во соопштението.

Во мај, ВФП објави дека производството на храна во Северна Кореја опадна на најниско ниво за десет години, поради што на милиони луѓе им се заканува глад ако не добијат меѓународна помош.

Експерти на ОН за земјоделство и храна ја посетиле изолираната комунистичка земја во март и април, утврдувајќи дека околу десет милиони луѓе немаат доволно храна да го издржат периодот до следната жетва.

Во некои рурални средини 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца пати од забавен раст бидејќи нема доволно храна, објави Светската здравствена организација.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе