Јужна Кореја ги врати ограничувањата поради стравувања од 2 бран на коронавирусот

Властите предупредија дека ќе ги вратат строгите правила за социјално дистанцирање доколку не успеат да спречат втор бран на инфекции со ковид-19. Мерките на карантин беа олеснети само неколку недели претходно.

EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA

Построги ограничувања се вратени во главниот град на Јужна Кореја, Сеул како и во соседниот град Инчеон и провинцијата Геонги до 14 јуни. Во овој временски период, сите ноќни клубови, барови, музеи и некои други јавни места остануваат затворени.

На компаниите им е препорачано да им овозможат на вработените да работат од дома и да воведат флексибилни распореди, меѓу другите мерки. Граѓаните се охрабрени да избегнуваат големи собири.

„Следните две недели се клучни за да се спречи ширењето на инфекцијата во градското подрачје“, рече министерот за здравство Парк Неунг-хо.

„Ќе мора да се вратиме на социјално дистанцирање, ако не успееме“.

Во четвртокот се регистрирани вкупно 79 нови случаи на ковид-19, што претставува најголем дневен пораст за 53 дена. Најголемиот дел од новооткриените инфекции потекнуваат од магацин на фирма за е-трговија во Букеон, западно од Сеул.

Јужна Кореја успеа во голема мерка да го спречи ширењето на новиот коронавирус преку масовно тестирање и трагање по контакти. Напредокот доведе властите на 6 мај да го укинат строгиот карантин.

Сепак само неколку дена подоцна во Сеул е регистрирано ново избувнување, со над десетина инфекции поврзани со ноќни клубови и барови во популарната област за ноќен живот. Ова го натера градоначалникот да ги затвори сите ноќни клубови и барови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе