Јужна Калифорнија ја погоди земјотрес од 6,4 степени (ФОТО+ВИДЕО)

Јужна Калифорнија вчера беше погодена од најсилниот земјотрес во последните две децении.

Епицентарот на земјотресот од 6,4 степени беше во близина на градот Риџкрест, кој се наоѓа на 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Пожарникарите и итни екипи денеска даваат медицинска помош и гасат пожари во и околу градот.

Земјотресот, кој удри на американскиот Ден на независноста, го почувствувале луѓето од пустината Мохаве до брегот на Пацификот.

Има големи штети во Риџкрест, која се наоѓа југозападно од епицентарот, рекол локалниот геофизичар професорот Џон Рандел за Би-Би-Си.

Тој додаде дека е среќа што земјотресот се случил далеку од големите населени места.

Патиштата се распукани и скршени, а бандери се испопаѓани на земја по земјотресот, во кој се скршени стакла и се урнати ѕидовите на некои домови во регионот.

Жителите пријавиле мали повреди, а експертите предупредуваат дека е можно да следуваат уште земјотреси.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе