Потпретседателот Рамафоса лично го пренел барањето

Јужна Африка: Зума има рок од 48-часа да поднесе оставка како претседател

Раководството на Африканскиот национален конгрес (АНК), владејачката партија во јужноафриканската република, на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума во понеделникот му даде рок од 48 часа да поднесе оставка од функцијата претседател на земјата, објави државната медиумска корпорација САБЦ, пренесе АФП.

Лидерот на партијата Кирил Рамафоса го напушти маратонскиот 13 часовен состанок на Националниот извршен комитет АНК и отиде во резиденцијата на Зума во Преторија за лично да му го пренесе барањето за оставка, според САБЦ.

Лидерите на Африканскиот национален конгрес и портпаролот на Зума не сакаа да коментираат за ситуацијата, а шефот на државата досега јавно не се изјасни дали доброволно ќе се повлече од својата позиција.

Откако Рамафоса во декември стана лидер на АНК, Зума се соочува со се поголем притисок од својата партија да го заврши, една година пред истек, својот втор претседателски мандат обележан со скандали.

Рамафоса, кој директно преговарал со Зума за можен трансфер на власта, воочи состанокот на Извршниот комитет на АНК, рече дека средбата ќе биде насочена кон „финализирање на ситуацијата.“

Претседателот на партијата има овластување да му нареди на Зума да се повлече од функцијата шеф на државата, но локалните медиуми шпекулираат дека Зума тоа повторно би можел да го одбие.

Минатата година Зума одби да поднесе оставка.

Зума минатата година ги преживеаа повиците на АНК да се повлече, но аналитичарите сметаат дека во јужноафриканската јавност сега се засили поддршката на барањето за оставка.

Ако и овој пат не поднесе оставка, Зума веќе на 22 февруари ќе се соочи со гласање за доверба во јужноафриканскиот парламент.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе