Јутјуб забрани антиваксерска содржина, избриша 133.000 видеа

Откако ја отстрани целата содржина на противниците на вакцинирањето против ковид-19, Јутјуб ги блокираше и непроверените критики за вакцините за други болести, објави неделава интернет-гигантот.

Фото: Пиксабеј

Така, видеоплатформа во сопственост на Гугл ги забрани тврдењата за опасностите или неефективноста на вакцините за болестите како што се малите сипаници, одобрени од регулаторите.

Покрај содржината, на таа видеоплатформа се забранети и каналите на истакнати противници на вакцинацијата, објави Вашингтон пост во средата, повикувајќи се на потпретседателот на Јутјуб за глобална доверба и безбедност, Мет Халприн.

Тој рече дека компанијата претходно не ја забранувала антиваксерската содржина затоа што била фокусирана на вакцините против ковид-19, објави Пост.

Халприн додаде дека Јутјуб по воведувањето на новите правила ќе продолжи да им дозволува на луѓето да зборуваат за своите лични искуства, како што се мајките да зборуваат за несаканите ефекти што нивното дете ги доживеало по примањето вакцина, како и научни дискусии за вакцините и за неуспешните вакцини во историјата на медицината.

Забранети се каналите на Роберт Ф. Кенеди Џуниор, внук на славниот претседател и истакнат противник на вакцинацијата, како и на Џозеп Меркол, исто така познат антиваксер.

Властите низ целиот свет ги критикуваа Јутјуб и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер дека не направиле доволно за да го спречат ширењето лажни здравствени информации на своите страници, пишува Ројтерс.

Халприн во средата рече дека Јутјуб веќе избришал повеќе од 133.000 видеа за вакцинацијата, а неколку илјади луѓе биле ангажирани да ја модерираат содржината, заедно со алгоритми што препознаваат текст и слика.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе