Јутарњи лист: Вучиќ вети добри работи за Хрватска

Српскиот претседател сѐ уште не ја состави владата, но даде неколку важни информации за Хрватска и сите се добри, пред сѐ најавата дека во владата ќе има еден или двајца државни секретари од хрватската заедница, оценува Јутарњи лист.

EPA-EFE

„Александар Вучиќ повторно не разочара: веќе се заборави дека во Србија се одржаа избори, а тој конечно за вторник во 18:00 часот најави дека ќе го објави составот на новата влада. По седницата на претседателството на неговата Српска напредна партија (СНС).

И потоа се појави пред новинарите за да каже дека има уште неколку дилеми – тој, а не премиерката Ана Брнабиќ која можеби треба да го дефинира својот тим. И дека тоа ќе ни го јави најверојатно во недела. Секако пред американските избори бидејќи уставниот рок за формирање на владата истекува на 3 ноември“, пишува хрватскиот весник.

Вучиќ, како што наведуваат понатаму, сепак дал неколку важни информации за Хрватска.

„Социјалистичката партија на Србија (СПС), партијата во која Слободан Милошевиќ го преточи Сојузот на комунистите, а сега ја предводи поранешниот портпарол на Милошевиќ Ивица Дачиќ, ќе има помалку ресори во владата. Вучиќ не сокри што мисли: „Можевме и без нив“. Отстапката е многу веројатно на Москва, која го игра и Дачиќ. А „малиот Ивица“ го изгуби местото во владаа. Што е исклучително важна информација – ќе го преземе претседавањето со Скупштината. Што во нормални околности би било унапредување, но во ситуација во која во Скупштината нема опозиција, тоа е повеќе церемонијална функција. Вучиќ го сака ресорот на надворешни работи во свои раце. Кога летоска Србија ја поддржа резолуцијата на ЕУ за состојбата во Белорусија, со која беше осуден диктаторот Александар Лукашенко, Дачиќ од тоа беше видно разочаран. И не се огласуваше претерано. Толкувањето на тој потег во јавноста го презема премиерката Брнабиќ“, наведува понатаму Јутарњи.

Добрата вест за Загреб, според нивната оценка, покрај заминувањето на Дачиќ од местото шеф на дипломатијата е и одлуката на Вучиќ претставници на хрватската заедница да учествуваат во работата на владата и покраинските и локалните власти.

„А Вучиќ тоа го потврди со својата изјава дека во владата „позначајно претставување ќе имаат националните заедници“. На прашањето дали некој Хрват ќе биде државен секретар во владата, хрватскиот амбасадор во Србија Хидает Бишчевиќ кажа дека „ветувања се дадени за едно или две такви места“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе