Јункер: Западен Балкан во ЕУ? Не пред 2019 (ВИДЕО)

До крајот на мандатот на сегашната Европска комисија нема да бидат исполнети условите за влез на некоја земја од Западен Балкан во ЕУ, изјави претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

Потоа, како што кажа, секоја нова членка ќе мора претходно да ги вгради дејствувањето на правната држава и вредностите на ЕУ.

Јункер ова го кажа во годинешното излагање за „состојбата на Унијата“ во Европскиот парламент и истакна дека „идните години ЕУ ќе има повеќе од 27 држави членки“.

Но, како што наведе, „условите за влез на некоја нова членка во ЕУ од Западниот Балкан нема да бидат исполнети до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија“, во 2019 година.

„А секој пат за секоја нова држава членка ќе мора целосно да се воспостави правната држава и темелните вредности на ЕУ да бидат почитувани“, предложи Јункер и истакна дека тоа е „апсолутен приоритет“.

Тој даде до знаење дека „тоа засега го исклучува влегувањето на Турција во членството на ЕУ“.

Јункер додаде и дека Турција „веќе некое време со џиновски чекори се оддалечува од Европската Унија“.

„Тамошните новинари мора да имаат слобода на говор во редакциите, новинарите не смеат да бидат затворани“, предупреди Јункер.

Лидерот на Европската комисија кажа дека ги повикува одговорните во Турција да ги ослободат „европските и не само европските новинари“ и да „престанат да ги навредуваат европските држави и нивните лидери нарекувајќи ги фашисти и нацисти“.

„Европа е континент на зрела демократија, а оние кои свесно навредуваат ги уриваат мостовите, а во Турција оние кои тоа го прават ги уриваат мостовите за потоа да ја обвинат Европската Унија за неуспехот во преговорите за членство“, кажа Јункер.

Претседателот на Европската комисија во својот годишен говор за состојбата на Унија кажа дека ЕУ во последните години ја вратила довербата во себе.

„Ја вративме Европа во Унијата и Унијата во Европа“ порача Јункер пред пратениците на ЕП во Стразбур.

Јункер кажа дека „ветерот повторно дува во едрата на Европа“ и дека континентот станува сѐ пообединет додека јакне економскиот момент по одлуката на Британија да излезе од блокот.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе