Јункер: Ако нема договор, крив ќе биде Лондон

Претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, рече дека тој и главниот преговарач на ЕУ за брегзитот прават сè што можат за да постигнат договор со Велика Британија.

Доколку не се постигне таков договор, додаде Јункер, одговорен ќе биде Лондон.

Јункер за германските медиуми изјави дека Барние и тој интензивно работат на договорот, бидејќи би било катастрофа за Велика Британија и за Европа доколку до брегзит дојде без договорено организирано повлекување, пренесе Ројтерс.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври.

Бриселските власти велат дека британскиот премиер Борис Џонсон постигнал мал напредок во разговорите за излез, како алтернатива на претходниот договор на Тереза Меј, кој трипати беше одбиен во британскиот парламент.

Јункер истакна дека преговорите за идните трговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ ќе бидат многу комплицирани доколку дојде до брегзит без договор.

„Треба да потпишеме договор за слободна трговија. Но тоа нема да се случи баш така како што си замислуваат некои во Британија. За некои од трговските договори што ги склучивме во мојот мандат беа потребни многу години“, рече Јункер.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе