Јунакот на тајландската пештера: бегалец од Мјанмар единствен можел да комуницира со нуркачите (ВИДЕО)

Момче од Мјанмар било единственото кое можело да комуницира со британските нуркачи за време на мисијата за спасување од тајландската пештера.

Медиумите момчето го нарекуваат јунак на операцијата за спасување на тренерот и дванаесетте момчиња, кои две недели минаа заробени во пештера на северот на Тајланд.

14-годишниот Адул Сам-он бил единствениот кој можел да комуницира со британските нуркачи кои ги најдоа момчињата и со тоа одиграл клучна улога во целата акција. Медиумите наведуваат дека јазичните вештини на Адул се особено импресивни имајќи го предвид фактот дека доаѓа од држава во која помалку од една третина од локалните жители зборуваат англиски јазик.

На снимката објавена кога беа најдени момчињата се слуша гласот на Адул во комуникација со британски нуркач, на кого му кажува дека 13 луѓе се наоѓаат во пештерата. Потоа го прашува: „Кој ден е денес?“. „Понеделник е, бевте тука десет дена. Многу сте силни, доаѓаме“, му одговара спасувачот. Момчето потоа му кажува дека се гладни и им треба храна, а спасувачот кажува дека стигнуваат и храна и лекари.

Тајландските власти неколку часа откако беа најдени момчињата објави снимка на која Адул се претставува и кажува дека е здрав.

Адул е роден во Мјанмар и зборува тајландски, бурмански, кинески и англиски јазик. Тој се разделил од своето семејство за да добие подобро образование во северен Тајланд и во училиштето Бан Па Моеад е од својата седма година.

Адул е роден во сојузната држава Ва, која не ја признаваат ни меѓународната заедница ни Мјанмар. Во борбите меѓу мјанмарската војска и бунтовниците од Ва илјадници луѓе избегаа од своите домови, некои од нив во Тајланд. Адул нема ни извод од книга на родени ни какви било официјални документи, и во Тајланд е регистриран како лице без државјанство.

Неговите учители го опишуваат како пристојно момче кое сака да игра фудбал и да свири клавир и гитара. Директорот на училиштето Пунавит Тепсурин изјави дека Адул е „вистинска скапоценост“: „Тој е добар и на училиште и во спортот. Му донесе на нашето училиште неколку медали и награди со своите постигнувања“.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе