„Ова е вознемирувачко“

Јули е најтоплиот месец во историјата на мерењата

Во светот минатиот месец бил соборен голем рекорд – јули бил најтоплиот месец некогаш измерен во историјата, според податоците кои денес ги објави американската Национална агенција за истражување на Националната агенција за истражување на океаните и атмосферата (НОАА).

EPA-EFE

„Јули е обично најтоплиот месец во годината во светот, но јули 2021 беше најтоплиот месец јули некогаш измерен“, соопшти Рик Спинрад, шеф на НОАА.

Тој истакна дека овој рекорд „го истакнува вознемирувачкиот пат кој го поставија климатските промени“.

Комбинираната температура на копното и океаните во целиот свет била 0,9 Целзиусови степени над просекот, односно овој јули бил најтоплиот месец откако почнале мерењата пред 142 години.

НОАА во соопштението објави колаж фотографии кои ги илустрираат последиците на климатските промени, вклучувајќи ги поплавите, топлотните бранови, сушата, ураганите и пожарите.

Климатските промени го менуваат светот на начин кој не е виден илјадници, или стотици илјади години, се наведува во извештајот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе