Најголемиот погреб во 20 век

Јосип Броз Тито - 41 година од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ

„Умре другарот Тито. Тоа вечерва им го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа, работните луѓе и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“, гласеше веста што одекна низ целиот свет.

Фото: ЕПА

На денешен ден пред 41 година во Љубљана почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15.05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, три дена пред својот 88-ми роденден.

Тито беше примен во болницата во јануари поради проблеми со циркулацијата, а пред смртта му беше ампутирана ногата, на што не се согласуваше додека беше свесен. Веќе од средината на февруари беше во вештачка кома.

Веста за Титовата смрт на Југословените им ја соопшти спикерот на Телевизија Белград Миодраг Здравковиќ.

„Умре другарот Тито. Тоа вечерва им го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа, работните луѓе и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“, гласеше веста што одекна низ целиот свет.

 

Најголемиот погреб во 20 век

Ковчегот со Титовите посмртни останки пристигна следниот ден со Синиот воз од Љубљана, преку Загреб, во Белград.

Три дена подоцна, на погребот дојдоа 700.000 луѓе. Беа присутни 209 државни делегации од 128 земји во светот. Тоа беше најпосетениот погреб на еден државник во 20 век.

Приврзаник на Тито поминува покрај фотографија од погребот на починатиот државник на денот на 40-годишнината од неговата смрт, во Музејот на Југославија во Белград. Фото: ЕПА

Последна почит на основачот на Движењето на неврзаните му оддадоа 31 претседател, 22 премиери, четири крала, шест принца и 11 претседатели на национални парламенти. Од светот поделен од Студената војна, во Белград допатуваа државници од двата табора.

На погребот присуствуваа и Маргарет Тачер, потпретседателот на САД Вoлтер Мондејл, Индира Ганди, Хосни Мубарак, Садам Хусеин, Леонид Брежњев, Николај Чаушеску, шведскиот крал Карл XVI Густав...

Тито беше погребен во Куќата на цвеќето на Дедиње, каде што од 2013 година покрај него почива и неговата сопруга Јованка. Неговиот гроб, заедно со блискиот Музеј на Југославија, сè уште е дестинација за голем број туристи, посетители и почитувачи од поранешните југословенски републики и од целиот свет.

 

Претседател на Републиката, маршал, врховен командант, основач на Неврзаните

Јосип Броз Тито е роден во Кумровец во тогашна Австро-Унгарија на 7 мај 1892 година. Станал во тоа време најмладиот наредник на австро-унгарската армија, а за време на Првата светска војна бил ранет и заробен од Русите, па завршил во работните логори во Русија.

По Октомвриската револуција, во 1920 година, се вратил во новоформираното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците и во Загреб се зачленил во Комунистичката партија.

По избувнувањето на Втората светска војна, тој стана водач на Партизанското движење на отпорот, а по нејзиниот крај, лидер на Југославија, во која беше воспоставен нов општествено-политички поредок.

Беше претседател на Владата од 29 ноември 1945 година, а по 1953 година претседател на Федералниот извршен совет и претседател на Републиката. Кога една година подоцна тие две функции беа раздвоени, тој остана претседател на Републиката до крајот на животот, а од 1974 година и претседател на Претседателството на СФРЈ.

Имаше ранг на маршал на Југославија и позиција врховен командант на Југословенската народна армија. Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните, каде што извесно време беше и генерален секретар.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе