Јордан ќе купува 55 милиони кубни метри вода од Израел секоја година

Израел и Јордан денеска потпишаа договор за двојно зголемување на количината на вода што Јордан ја добива од Израел.

Фото: ЕПА

Договорот е доказ дека „сакаме добрососедски односи“, рече израелската министерка за енергија Карине Елхарар.

Таа го посети Јордан на свеченото потпишување на договорот со Заедничкиот комитет за вода.

Договорен на почетокот на јули, договорот предвидува дека Израел ќе му продава на Јордан 50 милиони кубни метри вода годишно, покрај 55 милиони што веќе ги испраќа бесплатно.

„Се работи за најголемата продажба на вода во историјата на двете земји“, рече Гидеон Бромберг, директор за Израел на невладината организација за заштита на околината Еко Пис на Блискиот Исток.

Договорот „го одразува сè поголемото разбирање дека климатската криза, која веќе тешко го погодува регионот, мора да доведе до поголема соработка“, додаде тој.

Јордан се соочува со екстремни суши, а соработката во водоснабдувањето со Израел е многу постара од мировниот договор склучен во 1994 година.

Израел е исто така земја со топла и сува клима, но благодарение на новите технологии, трошоците за преработка на солена вода се намалени, што му овозможува на Израел, светскиот лидер во десалинацијата, да продава повеќе од тој скапоцен ресурс на соседот без да ја загрози домашната побарувачка.

Нови количини на вода наменети за Јордан ќе бидат обезбедени од Галилејското Море, изјави Шакед Елиаху, портпарол на министерката Елхарар.

Договорот доаѓа по заладувањето на односите меѓу Израел и Јордан, кои беа полоши во последните години, под поранешниот премиер Нетанјаху. Новиот премиер Нафтали Бенет, кој ја презеде функцијата во јуни, смета дека зајакнувањето на односите со Јордан е приоритет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе