„Режимите стојат заедно зад донесувањето на законот“

Јеремиќ: Вучиќ и Ѓукановиќ се соучесници во организираниот криминал

Претседателот на српската Народна партија Вук Јеремиќ изјави дека ако во Црна Гора „помине“ законот за слобода на вероисповедта, кој ја загрозува Српската православна црква, набрзо истото ќе се повтори на Косово.

„Ако државата Србија остане пасивна околу настаните во Црна Гора, власта во Приштина ќе тргне по истиот пат како таа во Подгорица, дури и пред евентуалното потпишување на договорот за „разграничување“, со кој Србија трајно би се откажала од Косово и Метохија“, кажа Јеремиќ.

Тој истакна дека настаните во Црна Гора се многу опасни за зачувувањето на српскиот идентитет не само во Црна Гора, туку и во целиот регион.

Јеремиќ наведе дека претседателите на Србија и на Црна Гора Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ се „соучесници“ кои имаат заеднички интерес – блиско партнерство во организираниот криминал на Балканот и пошироко.

„Српската власт на меѓународен план не направи баш ништо за да ја подобри позицијата на СПЦ и да го спречи донесувањето на спорниот закон, а можеше многу лесно. Вучиќ во оваа ситуација можеше за седум дена да дојде до сите влијателни лидери во светот, вклучувајќи го и претседателот на САД Доналд Трамп, а не се ни обиде да го направи тоа. Министерството за надворешни работи на Србија не испрати ниту една инструкција до амбасадите како да се настапува во земјите домаќини по ова прашање“, кажа Јеремиќ, кој е поранешен министер за надворешни работи на Србија.

Тој истакна дека впечатливото молчење на Белград е очигледен доказ дека режимите во Србија и Црна Гора заеднички стојат зад донесувањето на законот и настаните во Црна Гора.

Јеремиќ додаде дека црногорската власт на меѓународните партнери, како во случајот на таканаречениот државен удар, им претставува дека Русија стои зад последните настани со цел „да ја откорне Црна Гора од НАТО“, но дека ништо не може да биде подалеку од вистината од тоа.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе