Јеменските сили соборија американски борбен дрон во Сана (ВИДЕО)

Јеменската армија, помогната од борците на здружените оружени племенски групи „Популарни комитети“, пресретнале и нанишаниле беспилотно летало што ѝ припаѓало на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, кое летало над регионот на западноцентралната провинција Сана.

Неименуван воен извор во Јемен, за телевизиската мрежа на арапски јазик Ал Масира, изјави дека силите за воздушна одбрана во Јемен и нивните сојузници во вторникот вечерта го собориле беспилотното летало МКју-1 Предатор, од американско производство, со ракета земја-воздух.

Изворот додаде дека беспилотното летало било уништено додека било на мисија над областа Диан во областа Бани Матар во провинцијата.

МКју-1 Предатор е летало пилотирано од далечина изградено од американскиот енергетски гигант Џенерал атомикс. Овој модел, кој носи неколку камери и сензори, го користеа американските воздухопловни сили за време на војните во Авганистан, Ирак, Сирија и Сомалија.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе