По Трамп на ред е јапонскиот премиер

Јапонските медиуми тврдат дека се подготвува средба Абе-Ким

Јапонските власти подготвуваат средба меѓу премиерот Шинзо Абе и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун по самитот на Ким и американскиот претседател која се случи неделава во Сингапур, јавуваат денес јапонските медиуми.

Јапонија, која остана на страна за време на интензивните дипломатски активности во последните месеци околу Северна Кореја, сега сака директно да се обрати до властите во Пјонгјанг, особено околу прашањето на јапонските државјани грабнати за време на седумдесеттите и осумдесеттите години во Северна Кореја.

Јапонските власти предвидуваат неколку сценарија, меѓу кои и посета на Абе на Пјонгјанг во август, јавува денес весникот Јомиури шимбун и додава дека е можна средба на маргините на економскиот форум закажан за септември во Русија.

Неколку јапонски медиуми пренесуваат денес дека Ким изразил спремност да се сретне со Абе, додека јапонскиот премиер кажа дека сака директна средба со лидерот на Северна Кореја за грабнатите Јапонци.

„Доколку биде тешко да се организира средба во Пјонгјанг во август, Абе би можел да се сретне со Ким во септември на економскиот форум во Владивосток“, истакнува Јомиури шимбун.

Портпаролот на јапонската влада Хошихиде Суга одби да ги потврди информациите наведувајќи дека сѐ уште ништо не е договорено.

Јапонија тврди дека Северна Кореја грабнала најмалку 17 јапонски државјани во седумдесеттите и осумдесеттите години за да ги обучи своите шпиони на јапонските јазик и култура.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе