Јапонскиот премиер: Размислуваме за воведување вонредна состојба поради коронавирусот

Јапонија размислува за прогласување вонредна состојба во Токио и останатите региони поради пандемијата на ковид-19, кажа денес премиерот Јошиде Суга.

EPA-EFE

Неговата најава доаѓа откако гувернери на четири префектури, вклучувајќи го Токио, во саботата ја повикаа централната влада да воведе мерки за тие региони по големиот пораст на новозаразените.

На денешната конференција, гувернерот на Чиба Кенсаку Морита го повика Суга „итно“ да донесе одлука.

Одлуката би требало да биде донесена неделава.

Јапонија вчера пријави 3.158 нови случаи на зараза, половина од тоа од четири префектури – Токио, Канагава, Чиба и Саитама.

Четворицата гувернери размислуваат за воведување пократко работно време за кафулињата, караоке баровите и рестораните за да спречат ширење на вирусот.

Гувернерката на Токио Јурико Коике изрази загриженост поради зголемениот број пациенти со сериозни симптоми откако бројката вчера скокна на 101.

Апелираше до 14 милиони жители на Токио да продолжат да се воздржуваат од ненеопходни излегувања.

Јапонија досега ја избегнуваше пандемијата каква што се разгоре во Европа и САД, со вкупен број заразени од 243.000 и околу 3.600 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе