Јапонскиот премиер побара да се откаже посетата на кинескиот претседател

Владејачката партија во Јапонија, на премиерот Шинзо Абе, денеска побара од владата да ја откаже посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг во Јапонија, заради наметнувањето на новиот закон за национална безбедност на Хонг Конг.

Фото: ЕПА

„Додека меѓународната заедница изразува сериозна загриженост поради загрозување на принципите на слобода, човекови права, демократија... немаме друг избор освен да ја повикаме (владата) да ја откаже државната посета на претседателот Си Џинпинг во Јапонија“, се вели во одлуката на Либерално-демократската партија.

Во резолуцијата се осудува фактот дека Пекинг го наметна законот за безбедност на полу-автономниот Хонг Конг и се наведува дека Кина треба да одговори на загриженоста на меѓународната заедница, а Владата на Јапонија „поубедливо“ да ја повика Кина да работи на градење пријателски односи.

Според новиот кинески закон политичките активности во Хонг Конг можат да бидат забранети како субверзивни, сецесионистички и терористички, како и странско мешање.

Критичарите велат дека законот го поништува принципот „една земја, два система“ врз основа на кој Кина му дала на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода.

Кина веќе ја критикуваше Јапонија за неодамнешното изразување жал поради постапките на Пекинг кон Хонг Конг.

Посетата на кинескиот претседател на Јапонија требала да биде напролет, но истата била одложена поради пандемијата на коронавирус. Посетата требало да го потврди подобрувањето на односите меѓу двете земји по повеќегодишните непријателства поради територијалниот спор во Источното Кинеско Море и другите меѓусебни проблеми кои датираат од Втората светска војна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе