Во телефонски разговор

Јапонскиот премиер го повика Путин да ја завршат Втората светска војна и да го решат територијалниот спор

Новиот јапонски премиер Јошихиде Суга денес телефонски разговарал со претседателот на Русија Владимир Путин на кого му кажал, како што соопшти, дека сака потпишување мировен договор со кој и формално би се ставил крај на непријателствата од Втората светска војна.

EPA-EFE

Суга кажал дека сака и решавање на територијалниот спор околу островите кои руската страна ги држи и ги нарекува Курилски, а Јапонија Северни територии.

Суга пред две недели ја презмеа функцијата премиер од Шинзо Абе кој даде оставка од здравствени причини. Абе во текот на осум години на чело на јапонската влада вложуваше напори за унапредување на односите со Русија во надеж дека ќе го реши територијалниот спор, но без резултат.

„Му кажав (на Путин) дека се надевам дека во целост јапонско-руските односи ќе се развијат, вклучувајќи почитување на мировниот договор. Му кажав дека територијалниот спор не би требало да им го препуштиме на следните генерации туку ние да го решиме“, им кажа јапонскиот премиер на новинарите по разговорот со претседателот на Русија, додавајќи дека за тоа ќе има „цврст став“.

Путин кажал дека се надева дека ќе се одржи дијалог за решавање на сите проблеми во односите, пренесе Суга со оценка дека тој и Путин можат да развијат позитивен меѓусебен однос и искрено да разменуваат ставови.

Иако имало и заеднички земјоделски проекти на спорните острови, Русија, меѓутоа, го зајакна своето воено присуство и денес дури одржа воени вежби само неколку часа пред разговорот Суга – Путин.

Главниот секретар на јапонската влада, Кацинобу Като кажа денес дека Јапонија протестира поради руската воена вежба која е „неприфатлива“.

Суга имал низа телефонски разговори со други лидери, вклучувајќи го кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и јужнкорејскиот претседател Мун Џае Ин.

Москва и Токио спорат околу Курилските Острови кои Советскиот Сојуз ги припои на 18 август 1945, три дена по капитулацијата на Јапонија, врз основа на претходна одлука на големите сили на антихитлеровската коалиција. Советскиот лидер Никита Хрушчов им нудеше на Јапонците два острови, но тие инсистираа да им се вратат сите четири.

Токму поради Курилите Русија и Јапонија немаат потпишано мировен договор по Втората светска војна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе