Јапонскиот пасош е најмоќен во светот, македонскиот е на 43. место

Организацијата што се занимава со оцена на пасошите, Хенли паспорт индекс, објави нова листа на најмоќните пасоши во светот. Носителите на овие пасоши имаат најмногу придобивки кога патуваат низ целиот свет. Една од овие придобивки е влез во други земји без виза.

Фото: ЕПА

Јапонија сè уште е земјата со најмоќен пасош во светот, а јапонските граѓани имаат пристап без виза во 193 земји во светот.

На второ место е Сингапур, чии граѓани можат да патуваат во 192 земји во светот. Третото место на списокот го делат Германија и Јужна Кореја, чии граѓани можат да патуваат во 191 земја.

Од четвртото до седмото место се европските земји како што се Финска, Германија и Италија, чии пасоши се наоѓаат на самиот врв на листата.

Кога станува збор за Соединетите Американски Држави, тие се на седмото место, а американските граѓани имаат пристап до 187 земји низ целиот свет. Руската Федерација е на 48. место, додека Кина е на 68. позиција.

На самото дно на списокот се наоѓаат Сирија, Ирак и Авганистан. Авганистанските граѓани имаат пристап само до 26 земји во светот.

Што се однесува на земјите од поранешна Југославија, највреден пасош има Словенија, која е на 11-то место, а словенечките граѓани имаат пристап до 182 земји.

На 16-та позиција е Хрватска, чии граѓани имаат пристап до 172 земји. Трета во регионот според вредноста на пасошот е Србија, која е на 36-та позиција, со пристап до 135 земји.

Македонија е четврта во регионот, на 43-то место во светот, а Македонците без виза имаат пристап до 126 земји.

Црна Гора е едно место подолу, а нејзините граѓани имаат пристап до 124 земји.

Пасошот на БиХ е на 49-то место, што значи дека граѓаните на Босна и Херцеговина имаат пристап до 117 земји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе